Razvoj na govorot (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 8 | Nivo: Pedagoški fakultet

Содржина
Вовед............................................................................................2
Услови за развој на говорот............................................................3
Прва година...................................................................................4
Период на обликување на говорот...................................................5
Причини за пречки во говорот.........................................................6
Мумлање и муцање.........................................................................6
Поттикнување на детскиот говор.....................................................7
Заклучок........................................................................................8
Користена литература.....................................................................9
Вовед
Говорот е сложена високо диференцирана сензомоторна функција преку која со помош на гласот или движења се изразуваат основните сензации и чуства.
Говорот е врзан за времето, за природната средина во која се одвива, како и за учесниците во комуникацијата. Тој се иницира во мозокот на човекот, каде поимите од стварноста се поврзуваат со звучните сигнали. Говорот е база за сознанијата на суштествените информации и карактеристика на човековиот интелект.Тој е основен човечки инстикт и физиолошки неопходен. Имено по извесно време молчење или слушање, речиси е невозможно да не се јави потреба и желба за говор.
Говорните способности на детето и развојот на моторната способност, за родителите се најважните показатели во напредокот во психо-физичкиот развој на детето.
Психолошките истражувања покажуваат дека бебињата мислат и остваруваат контакт со околината уште пред да почнат да зборуваат. Тие дури успеваат да направат разлика во она што им го кажуваат родителите, иако не се способни да ги разберат зборовите.
За нив зборовите добиваат смисла дури пред нивниот прв роденден, и некаде во ова време ги изговараат и првите зборови. Но, иако не користи зборовни форми, бебето е способно да ги искаже потребите и доживувањата што ги има. Ние само треба да имаме слух за она што не се изразува преку зборови.
Со говорот детето развива интелектуални вештини – кога нешто ќе каже, тоа се обидува со зборови да ги изрази своите мисли, па така мислите стануваат појасни.
Говорот е поврзан со севкупниот развој на детето, а посебно со развојот на мисловниот процес. Тоа е комплициран психофизички процес кој се развива на основа на биолошки и психолошки фактори. Говорот е важен фактор за развој на личноста и социјализацијата.
Со говорот детето развива интелектуални вештини - кога нешто ќе каже, тоа се обидува со зборови да ги изрази мислите. Така мислите стануваат појасни. Детето напредува од „спознајно-практично“ кон „вербално-апстрактно мислење“. Детето го изговара она што го спознава, развива способност на именување, комбинирање, предвидување. Говорот најинтензивно се развива во претшколскиот период, а сеусовршува цел живот.
Услови за развој на говорот
За правилен развој на говорот мора да бидат исполнети одредени услови. Основа за тој развој е здрав нервен систем со интрактни говорни центри и нервни врски помеѓу нив,  чија задача е следење  на говорниот апарат. Освен тоа, мора да бидат правилно и добро развиени и психичките функции како што се: внимание, запазување, мислење и помнење. Сетилата мора да бидат развиени, а говорниот апарат здрав.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!